Ристовски: Финале – Ние, против 50.000 Португалци

Фудбалската репрезентација на Македонија е подготвена за големиот предизвик. Утревечер на „Драгао“, како што вели капитенот Стефан Ристовски, македонскиот национален тим, против 50.000 Португалци.

„Ова е сигурно еден од најважните натпревари во историјата на македонскиот фудбал. Можеби светот ова не го очекуваше, ние да бидеме денеска овде на прес – конференција. Но, Македонија има нешто што можеби други го немаат. Подготвени сме за ова големо финале против Македонија. Не можам да замислам дека Македонија ќе игра против Португалија за пласман на Светско првенство. Ние, против 50.000 Португалци, подготвени сме, навистина“, изјави Стефан Ристовски.

Тој играше за Спортинг Лисабон и вели дека е во добри релации со многу Португалци, но тоа нема да влијае на утрешниот дуел.

„Син ми е тука роден, во Португалија, па имам симпатии кон оваа земја секако. Со многу португалски фудбалери сум пријател, со Бруно сум одличен пријател, но тоа нема да влијае на утрешниот меч“, напомена Ристовски.