Ристовски и дефинитивно нема да продолжи со Латина

Стефан Ристовски најверојатно нема да продолжи во екипата на Латина, каде играше изминатите шест месеци, а претходно и една цела сезона. Преговорите помеѓу нашиот репрезентативец и италијанскиот второлигаш биле неуспешни.

Ристовски има слободни документи, односно не е врзан со ниту еден клуб откако Парма се пресели во најнизок ранг на натпреварување.

Италијанските медиуми пишуваат дека за нашиот интернационалец сериозно е заинтересирана екипата на Специја, за која своевремено играше и Горан Пандев, но тука се и контактите со амбициозниот тим од Хрватска Ријека, кој минатата сезона играше во групната фаза од Лигата на Европа.

Ристовски по трансферот од Вардар, целата кариера ја мина во Италија како фудбалер на Парма, но беше позајмуван во Серија Б во екипите на Латина, Бари и Фросиноне.