Динамо Загреб ја совлада Риека во дербито на колото во Хрватска со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Стефан Ристовски во 67-ма минута. Му го посвети на македонскиот лав Аријан Адеми, кој го одигра последниот меч за Динамо Загреб каде дојде во 2010-та година. Прави трансфер во Кина, за 1,6 милиони евра годишна плата.
Адеми од игра излезе во последните моменти од мечот по што доби овации од навивачите.