Ристовски уверен дека Вардар повторно ќе биде првак

Составот на Вардар 1961 не успеа да ја добие првата битка со Еурофарм Пелистер во оваа сезона, односно ја загуби трката за првиот трофеј во Суперкупот на Македонија.

Голманот на Вардар, Борко Ристовски е оптимист и верува дека на крајот на сезоната може да се израдува на двојната круна во домашниот ракомет.

„Јас секогаш сум подготвен да ѝ помогнам на екипата, Вардар да ги оствари целите. Првенството е долго, ова е мала увертира на она што следува, не очекува неизвесен шампионат, шампионат во кој ќе се натпреваруваат две израмнети екипи.Резултатот е помалку или повеќе реален. Имам две гледишта, кога ќе се измерат силите, сметам дека ние сме поквалитетни, ама Еурофарм Пелистер има подолга клупа и ротацијата, па ја дава таа изедначеност 50-50. Ние сакавме да го добиеме натпреварот и одевме на победа, ама уште поважно за нас е младите играчи кои треба да се ротација да постарите играчи да увидат дека се тука за да му помогнат на Вардар да ги оствари своите цели, а тоа е двојна круна. Ние чекориме цврсто на земја, без разлика на овој резултат. Без ароганција, но ние стоиме цврсто на нозе и веруваме и дека повторно ќе бидеме шампиони. Меѓутоа, треба да се работи, младите играчи мора да напредуваат на тренинзите, натпреварите ѝ да помогнат, давајќи одмор на првата постава“, заклучи Борко.