Ристовски: ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите на наставниците и градеше училишта

Во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија синоќа се водеше жестока дебата меѓу актуелната министерка за образование Рената Дескоска и поранешниот министер за образование Спиро Ристовски

Двајцата дискутираа на тема образование и неговото менаџирање за време на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како и за ветените проекти од новата влада.

Ристовски истакна дека највисоката плата на наставниците за време на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 година во однос на 2016 година порасна за 67 отсто, а за 119 проценти е зголемена најниската плата на наставниците.

Фактот дека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот и наставничкиот кадар проба да го побие Дескоска со обвинување дека со проектот екстерно тестирање предходната влада ги казнувала наставниците. На тоа тврдење Ристовски јa запраша Дескоска колку наставници биле казнети, на што не доби одговор.

„Во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ го презеде владеењето и ја формираше владата на Република Македонија буџетот кој се одвојуваше од вкупниот буџет за Министерството за Образование беше 13 милијарди денари. Министерката Дескоска сега располага со буџет од 23 милијарди денари со што 86 посто е зголемен буџетот од она што значеше инвестиции и посветеност на Владата во изминатиот период“, рече Ристовски.

Притоа Ристовски ја запраша Дескоска „Дали знаете пред 2006 година сите влади на СДСМ колку училишта изградија во Република Македонија? Да ве прашам дали знаете? Одговорот е нула. ВМРО-ДПМНЕ за овие десет години изгради 74 нови училишни објекти а реконструираше 400“, потенцираше.