Ристовски: Започна постапка за изградба на две училишта

Заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски, на својот фејсбук профил информира дека е започната постапка за избор на најповолен понудувач за изградба на ново основно  училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром, како и за доградба на училници и дополнителни простории за потребите на подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во тетовското село Фалише.

Проценетата вредност на инвестицијата е 76 милиони денари. Отворањето на понудите е закажано за 14 март, а активностите на терен ќе започнат веднаш по изборот на најповолната понуда и склучувањето на договорот со соодветната градежна компанија.

Продолжуваат инвестициите во унапредувањето на образовната инфраструктура во Република Македонија.

Покрај бројните реконструктивни и санациони активности во веќе постојни училишни објекти, акцискиот план на Министерството за образование и наука за 2017 година предвидува и изградба на неколку целосно нови објекти.

Станува збор за реални потреби и барања на жителите од овие две населени места за кои дадовме збор дека ќе ги исполниме, станаа дел од нашата програма за работа и веднаш пристапуваме кон нивна реализација, напиша Ристовски.

Untitled