Ристовски: Започна постапката за реконструкција на ученичкиот дом во Кавадарци

Ќе го реновираме ученичкиот дом во Кавадарци. Покрај грижата за подобрување на условите во студентските домови, преку бројни веќе реализирани, тековни и инвестиции кои наскоро ќе започнат да се имплементираат, еден од нашите врвни приоритети е и унапредувањето на ученичкиот стандард, особено во делот на подобрување на условите за сместување и престој во државните ученички домови, објави на социјалните мрежи заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој додаде дека пред три месеци била завршена реконструкцијата и на ученичкиот дом во рамки на основното училиште “Христијан Тодоровски – Карпош“ во општина Старо Нагоричане. Објектот доби нова фасада, а реновирана е кујната, мензата и сите останати простории.

gggggg-11