Ривер Плејт го освои легендарното финале на Копа Либертадорес

Фудбалерите на Ривер Плејт се победници во најпрестижното јужноамериканско натпреварување Копа Либертадорес, откако во двапата одлижуваниот реванш од финалето и првиот дуел игран надвор од Латинска Америка, на мадридски „Сантијаго Бернабеу“ го совалдаа најголемиот ривал од домашното аргентиско првенство Бока Јуниорс со 3:1, откако првиот меч заврши со резултат 2:2.

За Ривер ова е четврта тутула шампион на Јужна Америка, а прва по 2015 година, додека Бока го доживеа петтиот пораз во своето единаесетто финале.

Бока поведе во 44 минута со голот на Дарио Бенедето, израмни Лукас Прато во 69 минута. Ривер стаса до водство во 109 минута со голот на Хуан Фернандо Квинтеро, а победата ја потврди Гонзало Мартинез во последните моменти од мечот, кога противникот веќе имаше два играчи помалку на теренот а пред противничкиот гол се пресели и неговиот голман во нападот во кој Бока ја погоди стативата и не го одведе мечот во пенал рулетот. Бока од 92 минута играше без исклучениот поради два жолти картона Вилмар Бариос.

Првата шанса на мечот ја имаше Бока во 8 минута. По изведениот корнер топката дојде на втората статива за Пабло Перез кој шутираше директно во голманот Франко Армани. Во 20 минута шанса имаше Ривер, но Игнасио Фернандез шутираше над голот. Во 30 минута повторно се закани Бока. По слободниот удар топката од живиот ѕид се одби до Пере кој шутираше остро, но одбраната на Ривер го блокираше шутот. Сепак во завршницата на првото полувреме Бока поведе, од одличниот контра напад кој го реализираше Бенедето. Нахитан Нандез испрати прецизно додавање до Бенедето кои го исфрли од игра Жонмата Мајдан, излезе сам пред голманот Армани и пласираше за 1:0.

Во 53 минута се случи првата од двете спорни ситуаци кои предизвикаа силни рекации на теренот. Напаѓачот на Ривер, Прато излезе сам пред противничкиот голман, прв стаса до топката по што двајцата играчи се судрија, но судијата досуди фаул за Андраде, најверојатно сметајќи дека голманот треба да биде запштитен пред напаѓачот. Во 66 минута со глава шутираше Лукас Прато, но голманот на Бока беше сигурен. Но две минути подоцна Прато израмни на 1:1, по прекрасна акција во која топката на левата страна во противничкиот шеснаесетник ја доби Инасио Фернандез но зад грбот на неколку одбранбени играчи испрати повратна на пеналтикот до стрелецот на погодокот.

Во 79 минута се одигра и другата спорна ситуација, откако урувајскиот судија Андрес Куња досуди индиректен удар во казнениот простор на Ривер, поради опасно крената нога на одбранбен играч кога противнико шутираше, иако се чини дека слободно можеше да покаже на белата точка во полза на Бока. До крајот на регуларниот тек немаше голови, а бидејќи правилото за гол во гости не важи во финалето, се играа продолжетоци.

Веќе во втората минута од продолженијата Бока остана со играч помалку откако Колумбиецот Вилмар Бариос го доби вториот жолт картон по жесток старт врс Палациос. Бока сепак со играч помалку се одбрани до крајот на првото продолжение. Но во 109 минута сепак попушти, кога Квинтерео со одличен удар од работ на шеснаесетникот неодбранливо под пречката биеше за водство на Ривер. Во 120 минута, откако Бока можеше да израмни, но Јара ја погоди стативата, а по избиената топка на празната противничка половина Мартине беше најбрз и ја спроведе во празниот гол.

Ривер и Бока се двата најголеми аргентински клуба. Ривер го држи рекордот со 36 титули во Аргентина, но Бока се приближи откако во последните четири години освои три и сега ги има 33. Боја освои шест титули во Копа Либертадорес, додека Риверс сега има четири.

Првиот меч на „Ла Бомбониера“ во Буенос Аирес беше одигран на 11-ти ноември и заврши без победник, а реваншто на стадионот „Монументал“ на Ривер требаше да се одигра на 24-ти номеври, но беше откажан поради каменување на автобусот со играчите на Бока. Инцидентот се одигра на приодот кон стадионот на Ривер, кога неговите навивачи со камења и шишиња го гаѓаа гостинскиот автобус, а најтешко мина Пабло Перез кому дел од скршените прозорци му се зари во окото, но за среќа мина без тешки последици.

Иако клубовите не сакаа да играат во Мадрид, а јужноамериканските фудбалски ѕвезди сегашнми и поранешни рекоа дека тоа претставува срам за спортот на континентот, сепак реваншто беше преместен од Буенос Аирес. Така стадионот „Сантијаго Бернабеу“ стана првиот фудбалски стадион на светот во историјата на кој се играле финални дуело од Светско првенство (1982), Европско првенстгво (1964), на Лигата на шампионите (1957м, 1969, 1980 и 2010) и на Копа Либертадорес (2018).

Мечот беше одигран со голем безбедносни мерки. Шпанците ангажираа над 2.500 полицајци, а беа подготвени и дополнителни сили. Ангажирани беа и над 1.000 редари и лица од обезбедувње, но немаше инциденти ни пред ни по мечот. Аргентинското „Суперкласико“ се вбројува меѓу најголемите градски дерби во фудбалот на планетата, а Бока и Ривер досега одиграле 249 натпревари, но до ноемврискиот првпат меѓусебно се сретнаа во финалето на најпрестижното латиноамериканско натпреварување.

Во Мадрид беа подготвени и две различни зони за славње. Прославата на навивачите на Ривер се одвива на плоштадот Пуерта дел Сол, додека доколку победеше Бока, нејзините навивачи ќе славеа на Плаза Колон.