Анализи

Ризикот, се чини, ќе му се исплати на Орбан

Ризикот, се чини, ќе му се исплати на Орбан

Гласањето во Европскиот парламент со коешто се казнува Унгарија поради наводното игнорирање на демократските стандарди, оди во полза на Виктор Орбаб, кој на претстојните европски избори се позиционира како лидер на националната сувереност и против идеолошки обезличените елити во Брисел.

Карактеристичниот за унгарскиот премиер Виктор Орбан пламен настап пред европските парламентарец влијаеше врз порастот на неговата популарност кај десницата и кај партиите кои се противат на неконтролираниот прилив на имигранти во земјите од Европската унија, во земјата и во странство, за коишто се очекува дека ќе ја зголемат својата присутност во следниот состав на Европскиот парламент. Покрај Чешка и Полска, како и Словачка, како регионални централни европски земји членки на ЕУ познати како Вишеградската група, коишто се обидуваат да ја заштитат Унгарија од санкциите на ЕУ, а Полска исто така е пред слична ситуација, се чини дека ризикувањето на Орбан ќе се ефектуира позитивно, иако неговата партија Фидеш, можеби, ќе мора да излезе од конзервативната Европска народна партија (EPP), којашто во моментов е најголемата политичка групација во Европскиот парламент.

Во досега невидениот потег во историјата на ЕУ, во средата две третини од пратениците во Европскиот парламент изгласаа санкции за Унгарија, наведувајќи ја како причина загриженоста за наводниот притисок од страна на Орбан врз судовите, медиумите и невладините здруженија, а всушност неговото децидно одбивање да прими на унгарската територија стотици илјади имигранти од Блискиот исток кои пристигнуваа и сé уште пристигнуваат по ткн Балканска рута.

Активирањето на членот 7 од Договорот за ЕУ од Лисабон теоретски може да доведе до одземањето на гласот во Советот на ЕУ, но иако извештајот во Европскиот парламент е изгласан со двотретинско мнозинство, одземањето на правото на глас на Унгарија мора да биде едногласно, односно мора да го поддржат сите земји членки.

Европскиот парламент во вторникот на пленарната седница во Стразбур расправаше за извештајот за состојбата во Унгарија изготвен од Јудит Сарентини од пратеничката група на Зелените/Европската слободна унија која го повика Европскиот совет „во согласност со членот 7 ставот 1 од Договорот за Европската унија, да утврди дека постои очигледна опасност Унгарија тешко да ги прекрши вредностите на кои се темели Европската унија“. „Европската унија се темели на вредности на почитување на човековото достоинство, слободите, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и човековите права, вклучително и правата на припадниците на малцинството. Овие вредности се заеднички за државите членки во општество во коешто преовладуваат плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата, правдата, солидарноста и рамноправноста на жената и мажот. Доколку сите ги споделуваме овие вредности, должни сме да ги штитиме кога тие се загрозени“, наведува во извештајот без конкретни промери левичарската холандска пратеничка Саргентини.

Унгарскиот премиер Виктор Орабан во обраќањето во вторникот во дебатата со европарламентарците за извештаот за состојбите во Унгарија предупреди дека пратеници во Европскиот парламент се подготуваат да го осудат целиот унгарски народ поради неговите залагања за суверенитет на земјите и народите во Европската унија и непопуштањето пред уцените. „Знам дека вие веќе сте заземале став по ова прашање и знам дека големо мнозинство од вас ќе го поддржат овој извештај. Знам и дека мојот говор нема да го промени вашето мислење. Сепак, дојдов тука бидејќи вие сега се подготвувате да осудите не само една влада, туку една цела држава, еден цел народ. Ќе ја осудите Унгарија којашто веќе илјада години е дел од европското христијанско семејство, Унгарија којашто со своите напори, и доколку тоа било потребно со својата крв, придонесе за нашата блескава европска историја. Унгарија којашто се побуни и зема оружје в раце против најголемата војска на светот, против Советите, и така поднесе тешка жртва за слободата и демократијата и којашто кога беше потребно ги отвори своите граници за источногерманските пријатели“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на пленарната седница пред пратениците во Европскиот парламент.

Орбан додаде во својот говор од вторникот дека ги одбива „уцената, клеветењето и невистините обвинувања, коишто против Унгарија и унгарскиот народ ги упатуваа проимиграциските и проимигрантски сили во Европскиот парламент“.

Во продолжение на овие изјави, во четвртокот, според оцената на агенцијата Reuters „провладиниот“ будимпештански дневен весник Magyar Idok, пишува дека „проимигрантските сили ја спровеле одмаздата со измама“. Орбан, чијашто партија е на власт во Унгарија од 2010 година и на парлантарните избори во април годинава со уверлива поддршка беше избрана за третиот последователен мандат и којашто последните избори ги водеше со моќна противимигрантска платформа, на политичката игра во ЕУ ѝ пристапува од долгорочна перспектива. „Се надеваме дека протвимигрантските партии во Европа може дури и да освојат и мнозинство во составот на Европскиот парламент кој ќе биде избран во (пролетта) 2019 година. Во најмала рака ќе се случат силни промени, со јакнење на противимигрантските сили“ изјави во четвртокот на прес-конференција Гергеј  Гулјаш, шеф на кабинетот на Орбан.

Според досегашните испитувања на јавното мнение, вклучително и последното од почетокот на септември на тинк-танк Szazdveg, неговата партија Фидеш ќе мине добро на европските избори. Во анкетата партијата на Орбан добива 36 отсто поддршка, а опозициската конзервативна партија Јобик е втора со 8 проценти. Како и во повеќето други земји членки на Европската унија, и унгарскиот лев центар главно останува без политичка важност за избирачите.