Рјабков: Трамп би направил многу лош потег со повлекувањето од нуклеарниот договор

Заменикот руски министер за надворешни работи Сергеј Рјабков оцени во саботата дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор на шесте светски сили со Иран постигнат пред две години, и претставувал многу лош потег.

„Малку помалку доаѓаме до заклучокот дека САД донеле интерно решение, или си блиску носење таква одлука, да се повлечат од договорот за иранска нуклеарна програма. Тоа би можело да биде едно тешките грешки во надворешната политика на Вашингтон, многу лош потег“, изјави заменикот на шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков за руската независна новинска агенција Интерфакс.

Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп го потврди запирањето на децениските економски санкции, укинати во рамките на договорот на Иран со шесте светски сили, петте земји постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации со право на вето – САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија,

Но Трамп порача дека ова е последен пат да се откажува од воведувањето санкции за Иран за на Вашингтон и на неговите европски сојузници им „пружи шанса да ги поправат огромните пропусти“ во оригиналниот нуклеарен договор од 2015 година. Висок функционер од американската администрација рече во петокот дека Трамп сака овој договор да се зајакне се дополнителен договор во следните 120 денови, кога на ред повторно ќе дојде неговото известување до Конгресот за тоа дали Иран се придржува до договорот или САД ќе се повлечат од него.

Самиот Трамп не беше задоволен што уште еднаш мораше да се откаже до санкциите против Иран, држава којашто ја смета за сѐ поголема закана, а со којашто споменатиот договор е постигнат во текот на мандатот на неговиот претходник Барак Обама.

„Ова е последната шанса. При изостанување на таков договор, САД повеќе нема да се откажуваат од санкциите за да останат дека од нуклеарниот договор со Иран. Доколку во кој и да е момент проценам дека таквиот договор не е на повидок, веднаш ќе се повлечам од договорот“, порача Трамп.

Европските потписници на договорот се согласни во врска со неговиот текст чијашто намера е да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма, за којашто Техеран секогаш тврдеше дека е со мирновременски цивилни цели, до нивото од коешто може да се произведе атомска бомба, во замена за укинување на економските санкции, коишто се однесуваат во прв ред на забраната за извоз на нафта и финансиски трансакции.

Русија, исто така, го поддржува нуклеарниот договор и Рјабков во саботата рече дека Москва ќе стори сѐ што е во нејзината моќ да го спаси. Рускиот дипломат, исто така, повика на поинтензивен ангажман на Москва, Пекинг и европските потписници за спасување на сегашниот текст од договорот со кој е согласен Техеран. Коментарите за договорот кои дојдоа од Трамп, Рјабков ги оцени како „крајно негативни“.

Во соопштението коешто во саботата го пренесе иранската новинска агенција IRNA, иранското министерство за надворешни работи наведува дека „нема да прифати никаква измена на договорот, ниту сега, ниту во иднина“.

Иран, исто така, истакнува дека ќе одговори на санкциите коишто САД ги воведоа за челникот на иранското правосудство, на ајатолахот Садик Лариџани. САД воведоа санкции против 14 поединци и компании, поради, како што наведува Вашингтон, кршењето на човековите права и поддршката на иранската програма за вооружување, а меѓу нив е и шефот на иранското правосудство.

Американското министерство за финансии наведува дека Лариџани е „одговорен за наредувањето, контролата и спроведувањето на сериозните кршења на човековите права на граѓаните на Иран“, пренесе Reuters.