РК Вардар без натпревари до крајот на годината поради десетина случаи на коронаинфекции

24

Уште еден ракометар на Вардар од денеска е на листата на позитивни во тимот на Вaрдар, а со то бројката на играчи кои се позитивнина Ковид 19 се искачи на 11 ракометари и еден од физиотерапевтите.

Ова значи дека во следните две недела нема да може да се тренира односно да се работи во комплетен состав така што најверојатно до крајот на 2020 година нема да има повеќе натпревари за екипата на Вардар.

Тренерот на екипата, Стевче Алушовски се наоѓа во незгодна ситуација бидејќи и понатаму не може да одработи тренинзи како што планира односно постојано има прекини. Сето тоа влијае и на формата и на играта, а новата изолација само дополнително ги искомпликува работите, пишува 24Ракомет.

Сепак, постои мала надеж дека дел од ракометарите би можеле на тренинг, но индивидуален и тоа во теретана, но прво мора да се добие негативен тест, а тестирањето би требало да биде направено деновиве.

Целата вест прочитајте ја на 24Ракомет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.