РК Вардар четврти на силниот турнир во Германија

Ракометарите на Вардар го освоија четвртото место на турнирот во Германија, откако попладнево во последниот меч против Лајпциг загуби со 26:27 (8:11).

„Црвено-црните” имаа сила да се вратат во игра иако во второто полувреме имаа негатива од 4 д-5 гола. Во последните 150 секунди веќе беше само еден гол предност за Лајпциг, но судиите дозволија напад од цела минута за условно кажано „домашниот тим” кои не успеаја да шутнат и играа под закана за пасивна игра.

Тренерот Грасија Парондо реши на средбата со Лајпциг да користи само дел од ракометарите, и со малку замени во текот на натпреварот. Почетокот и крајот беа во знакот на Вардар. Имаше Вардар и водство на самиот почеток, а во последните минути од првото полувреме Лајпциг го презеде водството и зголеми на 8:11.

Потоа одигра доста лошо дозволувајќи му на противникот да поведе со 21:14. Тогаш Вардар заигра посериозно и почн аполека да ј атопи предноста на ривалот. Се бореа вардарци против Лајпциг, а повремено и со чудните судиски одлуки. Особено во второто полувреме имаше доста реакции за судиските одлуки кои очигледно немаа изедначен критериум. Како доказ е што за Лајпциг имаше досудено шест пенали а за Вардар само еден, дополнително се толерираа и предолги напади на домашните ракометари.

Најефикасен кај „црвено-црните“ беше Тимур Дибиров со осум погодоци, а го следеа Криштопанс со 3, Борозан 4, Скубе 4, Стоилов 3, Мораеш 2, Горбок 2.

Од три одиграни натпревара, Вардар го победи Фуксе Берлин со 32:24, а загуби од ХСВ Хамбург со 25:31 и денеска од Лајпциг.

Вардар по овој турнир се враќа во Скопје каде ќе тренира до сабота кога заминува за Струга. Таму ќе го игра мечот од Суперкупот на Македонија против Металург.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.