РК Вардар директно во групната фаза на ракометната Лигата на шампионите

Откако ПИК Сегед во саботата ја освои титулата во унгарскиот ракометен шампионат, си обезбеди директен пласман во машката ракометна Лига на шампиони за следната сезона.

Покрај унгарскиот првак, во групите од ЛШ има директно место за македонскиот ракометен првак Вардар, за Кил и Фленсбург, кои ќе завршат на првото и второто место во Бундеслигата.

Во групите ќе играат и полскиот првак Кјелце, португалскиот Порто, францускиот ПСЖ, шпанската Барселона, како и данскиот и хрватскиот првак, а тоа се Алборг и ППД Загреб.

Остануваат уште шест слободни места, односно шест вајлд-карти, а оние кои ќе аплицираат се Веспрем. Висла Плоцк, Елверум, Динамо Букурешт, Мотор Запорожје, Мешков Брест и Монпелје