РК Вардар е Топ тим во Европа

Медиа пулот на ЕХФ лани се покажа како добар прогнозер најавувајќи дека македонскиот шампион Вардар ќе стигне до Ф4 турнирот во Келн. Во своето прво рангирање на клубовите од лигата на шампионите во новата сезона сега новинарите што работат за сајтот на EHFCL.com повторно имаат добри вести за „црвено-црните”.

По првите пет кола во групната фаза на ЛШ, но и другите резултати во домашните лиги и регионални натпреварувања за актуелниот европски првак Вардар има најдобри предвидувања.

„Базирано на формата на почетокот на сезоната, Вардар изгледа како сериозен конкурент да ја прекине „неславната традиција” и да биде првиот што ќе ја одбрани титулата од Келн.
Со најдобрата одбрана во ЛШ, тимот од Скопје го нема сега Алекс Душебаев, но тоа го надомести со аплауз по импресивната победа против Барселона задржувајќи го првото место во Група А, и во ова рангирање”, се вели во објаснувањето напишано за Вардар.

Македонскиот тим е лидер во група А од лигата на шампионите со четири победи и едно реми, ја имаме најдобрата одбрана која досега прими само 116 голови, а во регионалната СЕХА лига имаме серија од шест триумфи по ред сезонава, најдобриот напад и најдобрата одбрана…

Прво рангирање за сезоната 2017/2018
10. Нант
9. Мешков
8. Монпелје
7. ПИК Сегед
6. Рајн Некар
5. Флезнбург
4. Барселона
3. ПСЖ
2. Веспрем
1. ВАРДАР

Одличната форма на Вардар, од EHFCl.com е поткрепено и со моменти од средбата меѓу Вардар и Барселона одигран во Скопје и префектниот Арпад Штербик.