РК Вардар има нов клупски амблем

Европскиот ракометен шампион Вардар, како пред две години, така и сега ќе го менува клупското лого.

„Црвено-црните“ во 2017 година кога стасаа до првата титула европски првак, го сменија клупското лого и ставија ѕвездичка која ја симболизира токму таа титула.

Сега „вардарци“ повторно направија огромен успех, а тоа значи ново менување на логото. Шампионите ќе додадат уште една ѕвездичка, која ќе потсетува на титулата во 2019 година.