РК Вардар обезбедија место во завршницата на Купот на Македонија

Ракометарите намакедонскиот ракометен машки шампион Вардар обезбедија место на завршниот турнир во Купот на Македонија во оваа конкуренција

„Црвено-црните“ беа домаќините на четвртфиналната група, па така откако прво го решија Тиквеш со 42-24 (21-12) славеа и над Радовиш со резултат 35-32.
Вардарци уште во првиот дел дојдоа до предност од шест гола во битката со Радовиш (19-13), позитива која беше недостижна за гостите кои во продолжението само успеаа да се изборат за поблаг пораз.

Атанасовски и Векиќ дадоа по 6 голови, додека еден помалку даде Талески.