РК Вардар се пласира на завршницата од Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар ќе го бранат трофејот во Купот на Македонија откако очекувано загарантираа место на завршниот турнир со победа од 37-24 против Скопје 2020.

Вардарци важеа за апсолутен фаворит на денешната средба, а улогата ја потврдија од самиот старт и без проблеми стигнаа до победа.

Со девет гола Чувара беше прво име кај Вардар, а него го следеше Мишевски со осум гола. Митиќ со шест гола беше најрасположен кај Скопје, додека по четири додадоа Пешкирски и Киселовски.