РК Вардар заработи 230.000 евра од пласманот на завршниот турнир во Келн

(фото: рк вардар.мк)

Пласманот на ракометарите на Вардар им донесе заработка од 135.000 евра, а таа е добиена од досегашните резултати остварени на патот кон Келн, а македонскиот шампион ќе добие и дополнителни 100.000 евра, пренесува 24rakomet.mk.

Играњето во групната фаза од Лигата на шампионите на вардарци им донесе сума од 60.000 евра. Покрај тоа пласманот во осминафиналето им донесе уште дополнителни 30.000 евра. Секако и играњето во четврт-финалето значеше парична награда, а на сумата од 90.000 евра беа додадени уште 45.000 евра така што пласманот на Ф4 турнирот во Келн на Вардар му донесе вкупно 135.000 евра.

 

(Повеќе може да прочитетата не следниот линк 24rakomet.mk)