РКЕ разгледува дополнителна помош за ранливите категории

Регулаторната комисија за енергетика бара можности во следниот период ранливите категории на граѓани да користат дополнителна парична помош за заштита од енергетска сиромаштија. Регулаторот веќе имал неколку средби со синдикатот и со невладини организации со цел да изнајдат решенија на долг рок.

Рече дека нема да потлекнат на опозициските притисоци, бидеjќи имаат поддршка од меѓународната енергетска заедница.
„Треба да се зголеми бројот на ранливи категории на потрошувачи кои треба да добиваат соодветна помош за социјална заштита од енергетска сиромаштија и сите тие потрошувачи да бидат најдени. Вообичаено тоа се примателите на социјална помош, но и сите граѓани кои имаат економски проблеми од моменталната ковид криза“, рече Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.