Робен: Баерн (М) не е фаворит во ЛШ

Холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Ариен Робен е убеден дека неговиот тим повеќе го нема епитетот на најголем фаворит кога е во прашање победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Крилниот напаѓач на баварскиот гигант покажа и сериозни знаци на загриженост пред утрешниот полуфинален дуел од ЛШ, каде за противник го има поранешниот клуб Реал (М).

„Реал (М) располага со најдобрите фудбалери на денешницата. Реал (М) може да постигне три погодоци во само 10 минути ако противничкиот тим одигра под очекуваното ниво. Такво нешто не смее да му се случи на Баерн (М). Според мене, Баерн (М) повеќе не прв фаворит за победничкиот пехар во Лигата на шампиони. Нормално дека сакаме повторно да славиме во ова натпреварување, сакаме Баерн (М) да биде првиот клуб кој ја има одбрането титулата во ЛШ. Сепак, на ред се двата полуфинални натпревари против Реал (М), се може да се случи и во Минхен и во Мадрид. Го добивме најтешкиот можен противник”, изјави Робен.