Робен ќе носи баварски дрес до 2017 година

Репрезентативецот на Холандија и стандарден првотимец во дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Арјен Робен, најкасно до крајот на месец февруари ќе го потпише новиот понуден договор кој го обврзува да остане на „Алианц Арена” до 2017 година.

Актуелниот договор на крилниот напаѓач има важност до 2016 година, а со потпишувањето на новиот договор, Робен ќе си осигура нова годишна плата која е за 30 отсто поголема од таа што моментално ја заработува на „Алианц Арена”.