Робен очекувал многу повеќе од Реал Мадрид

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Ариен Робен по натпреварот во Мадрид изјави дека очекувал многу повеќе од фудбалерите на Реал Мадрид.

“Сакам прво да им честитам на моите фудбалери. Мислам дека одигравме одлично, доминиравме во поголемиот дел од натпреварот но не создадовме доволен број на чисти шанси. И ваквата игра беше доволна за да постигнеме еден погодок. Искрено, очекував многу повеќе од Реал Мадрид, очекував голем притисок од самиот почеток, очекував Реал Мадрид да не нападне од сите страни. Игравме добар меч, што ќе ни даде самодоверба пред реваншот. Не смееме да заборавиме дека Реал е врвен клуб, а ние успеавме да доминираме против него среде Мадрид, тоа не е мала работа. Точно е дека резултатот не ни е во полза, но убеден сум дека во Минхен ќе бидеме уште подобри и на крајот ќе се радуваме на пласманот во финалето“, изјави холандскиот интернационалец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.