Робен: Венгер покажа дека не е голем тренер

Холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Арјен Робен, експресно му врати на трофејниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер кој по реванш 1/8 финалниот натпревар од Лигата на шампиони изјави дека Робен е добар фудбалер, но уште подобар глумец.

„Пак ќе повторам, ако си голем менаџер, тогаш покажи дека си голем и во победа и во пораз. Ако победиш, тогаш уживај во победата, но ако загубиш, немој вината за поразот да ја бараш на некое друго место, немој да се жалиш за некои смешни работи. Да, и во двете ситуации имаше чист прекршок, но јас не се бранам. Искрено, очекував нешто повеќе од Венгер, очекував да покаже дека е голем менаџер. Баерн (М) победи, бевме подобри и во Лондон и во Минхен. Венгер мора да се соочи со суровата реалност“, изјави крилниот напаѓач.