Роберт Дауни во новата верзија на филмот за др Дулитл

Лекарот кој одлучува да стане ветеринар откако ќе сфати дека повеќе ги сака животните отколку луѓето и оти со животните може да разговара, во новата верзија на филмот со наслов „Патувањето на доктор Дилитл“ ќе го толкува Роберт Дауни помладиот.

Ѕвездата од филмот „Железен човек“ во улогата на славниот доктор кој разговара со животните ќе се проба по Рекс Харисон, во 1967 година, и Еди Марфи во верзиите од 1998 и 2001 година.

Темата на филмот, за кој правата ги откупи студиото „ Universal“, се темели на серијалот детски книги на авторот Хју Лофтингод дваесеттите години на минатиот век, а според сопственото сценарио ќе го режира Стивен Гаган, кој во 2001 година освои Оскар за сценариото за филмот „Трафик“ во режија на Стивен Содерберг. А едно од неговите, на Гаган последни режисерски остварувања е филмот „Злато“ соМетју Маконахеј.

Според медиумите, продуценти на филмот покрај Роберт, ќе бидат и неговата сопруга Сузан Дауни, Џо Рот и Џеф Киршенбаум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.