Роберт Патисон објасни зашто не го смета Бетмен за суперхерој

25

Холивудскиот актер Роберт Патисон изјави дека не го смета ликот Бетмен за суперхеорј, бидејќи тој не поседува супермоќи, пренесува порталот Cinema Blend.

Според Патисон, локот кој тој ќе го толкува во новиот филм на Мет Тивс, односно Брус Вејсн, е богат интелигентен човек со мноштво гаџети и засилено чувство за правда.

„Бетмен не е суперхерој. Се разбора, тоа е чудно. Меѓутоа, отсекогаш ми се чинеше дека за да се биде суперхерој, треба да се поседуваат волшебни способности“, вели актерот во разговорот за порталот.

Во продолжението на „Бетмен, кое според најавите треба да биде сместено во жанрот „филм ноар“, Ривс ќе се фокусира на главниот лик како детектив. Кастингот во најновиот филм за стрип-јунакот Бетмен, покрај Патисон го пополнуваат и Зое Кравиц, Пол Дано, Колин Фарел и Енди Серкис

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.