Роберто ди Матео го превзема Шалке 04

Роберто ди Матео е нов тренер на тимот од Гелзенкирхен, Шалке 04. Поранешниот менаџер на Челзи доаѓа на местото на Јенс Келер на кој му беше покажана излезната врата по слабите резултати на почетокот на сезоната.

„Шалке и Јенс Келер ја завршија соработката, а клубот му заблагодарува за се што направи досега“ – се наведува во краткото соопштение од клубот.

Ди Матео со Челзи ја освои европската шампионска титула и ФА Купот, а без работа е од ноември 2012 кога доби отказ во Челси поради лошата серија резултати. На клупата на Шалке 04 ќе биде претставен во среда кога ќе потпише договор до 2017 година, а ќе дебитира на 18. октомври на дуелот со берлинска Херта.