Робињо силувал 22-годишна Албанка, ќе заглави во затвор

Поранешниот бразилски репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, Робињо, следните години најверојатно ќе ги помине зад решетки.

Причината за неговата казна е тоа е што Апелациониот суд во Италија му ја одби жалбата по казната која претходно му беше изречена поради силување на девојка од Албанија.

Робињо доби затворска казна од девет години затоа што заедно со уште пет други лица беше прогласен за виновен за силување на 22-годишна Албанка во јануари, 2013 година.

Ваквиот проблем со законот му го скрати правото на Робињо да направи трансфер во таборот на Сантош кој го промовираше како нов играч на клубот, меѓутоа набргу потоа му го раскина договорот.