Роби Вилијамс открил зошто го одбил местото на Меркјури во Квин

Пејачот Роби Вилијамс открил дека го прашале дали сака да го замени Фреди Меркјури во групата „Queen” и зошто го одбил ваквиот предлог, пред Адам Ламберт да дојде на тоа место.

Брајан Меј и Роџер Тејлор биле воодушевени од вокалните способности на Роби кога ја слушнале неговата верзија на песната „We Are The Champions”, по што му понудиле да стане фронтмен, но тој одбил.

Иако е познат по своите самоуверени и “откачени” настапи, изгледа дека пејачот се плашел дека нема да ги исполни очекувањата.

„Иако сум многу сигурен со микрофонот во рака, имам многу мала самопочит”, изјавил Вилијамс за „Sirius XM”.

Тој додал дека за него Фреди Меркјури е како ангел и дека застанувањето на сцената и заземањето на неговото место за него била премногу страшна идеја. За таа позиција сепак се осмелил Адам Ламберт кој ги предводи 2Queen” уште од 2011 година, а Роби кој сепак бил прв избор, за него рекол:

„Адам Ламберт, да не беше толку прекрасна личност каква што е, би бил преплашен поради неговиот чист талент. Неговиот глас е просто неверојатен”.

Роби додал дека, иако никој не би ни очекувал тој да го замени Меркјури, тој бил премногу исплашен од преземање на толку голема одговорност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.