Робовалиев: СДСМ се насочува кон уништување на образованието

Денеска е прв училишен ден, значаен за многу првачиња, ученици и нивните родители. Уште пред почетокот на летото имавме јавен апел до градоначалникот за санација и други останати проблеми кои ги мачеа директорките на училиштата на Општина Центар. Прашањето е дали стручните служби и локалната самоуправа во Општина Центар предводена од СДС ги овозможи сите услови на децата, наставниците, родителите за сигурен и безбеден почеток на оваа учебна година. Дали општина Центар ги направи сите законски постапки и процедури со кои им се овозможува на учениците безгрижно и безбедно образование и колку оваа локална самоуправа предводена од СДС се грижи за учениците, праша Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека претставници на локалната самоуправа предводена од СДСМ денеска беа во посета на училиштето ООУ Св Кирил и Методиј токму во Општина Центар.

„Директорката на ова основно училише изјави дека училиште претрпело најголемо оштетување од земјотресите кои се случија пред една година и каде има записник направен од ИЗИС каде се вели дека треба да се направи задолжителна санација на ѕидовите кои се распукани и оштетени на плафонот и во вертикална страна.Дали е повикано лице од соодветните институции да ја увиди оваа ситуација и да ја гарантира безбедност ана учениците во тие училници, бидејќи и покрај дадениот апел од директорката за оваа итна санација имаме информација дека сеуште нема никаква реализација“, рече Робовалиев.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во истово ова училиште Св Кирил и Методиј има потреба да се направи водоводната и канализационата мрежа бидејќи во тоалетите капе вода од горниот спрат на главата на учениците, и тоа сеуште не е ни отпочнато да се реализира. Најболната точка на ова училиште е фискултурната сала која минатата влада предводена од Никола Груевски донесе одлука за реализација за градба на оваа фискултурна сала, каде се обезбедија и финансиски средства, а таа обврска сега ја има владата предводена од СДС каде оваа сала требаше да биде готова до пред почетокот на учебната година а се’ уште не е.

„Поминаа две години како имаше наводно ‘труење’ од водата на учениците во ’11-ти Октомври’ каде незаконски беше разрешена тогашната Директорка а воедно беше ветена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, но до ден денешен таа сеуште не е сменета. Дотраени врати, клупи и столчиња сеуште се дел од инвентарот на ова училишта. Во ООУ Кочо Рацин, директорката замоли да се направи училишниот двор, се пожали на состојбата на во училишниот двор, односно менување на бекатонските плочи во школскиот двор бидејќи постоечките се во лоша состојба и истите во моментов ја загрозуваат безбедноста на движењето на учениците. Фасадата е во многу лоша состојба а ова училиште беше најпогоденото од големите врнежи кои се случија минатата година и беше поплавено. Иако беше посочено дека сеуште протекува од кровот, направената е мала санација во тој дел“, додаде претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Робовалиев истакан дека во училиштето „Димитар Миладинов“ постои навистина сериозен проблем во однос на фасадата на самото училиште каде директорката уште на почетокот на летото аплираше за итна санација, дека има одрони и стравуваше дека доколку не се реши овој проблем до Септември ќе биде опасно по однос на учениците. Септември дојде а фасадата е се’ уште недопрена и запраша кој ќе сноси одговорност доколку се случи да падне дел од фасадата односно да настанат одрони и да повредат некое дете?

„Основното училиште Коле Неделковски, мака мачи да ја осигура безбедноста и грижата на учениците од сообраќајниот метеж пред тоа училиште. Прашуваме: дали може да ја гарантирате безбедноста на учениците и нивните раодители? Директорката на ова училиште успеа самостојно да обезбеди странска донација и да го реновира целосно училиштето со целосно обезбедување на клупи и корпи за отпадоци за училишниот двор и само замоли само локалната самоуправа да го уреди хортикултурно дворот. Ова лето помина лежерно локалната самоуправа предводена од СДС. Со ова може да видиме колку оваа власт се грижи за училиштата каде има градоначалници од своите редови. Место да се искористи овој летен период за санација и обезбедување услови за непрекинато и безбедно воспитание и образование очигледно оваа власт предводена од СДС се насочува кон уништување на истото. Сите ученици заслужуваат еднакви услови за воспитание и образование“, нагласи претствникот на ВМРО-ДПМНЕ.