Рочишта за „Тендери“ и „Насилство во Општина Центар“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за предметите „Тендери“ и „Насилство во Општина Центар“ на СЈО.

Случајот за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година го води судијата Душан Јосифов, а застапник на обвинението е Гаврил Бубевски.

Во „Насилство во Општина Центар” на СЈО обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранечната советничка од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и осум други лица.

Во „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Предметот го води судијата Осман Шабани и се наоѓа во доказна постапка.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

МИА