Рочиштето за „Тендери“ одложено за 20 април, бидејќи член на семејството на Канчевска-Милевска имал медицинска интервенција

Судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, е одложено за 20 април годинава.

Бранителот на Канческа Милевска, адвокатот Сашо Дуковска, денеска го известил Судот дека обвинетата има итна медицинска интервенција на близок член од семејството.

На денешното рочиште требаше да се почне со завршни зборови на Обвинителството.

Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ за малверзации со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според обвинителниот акт, бил оштетен за околу 54 милиони денари.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.