Рочиштето за „Траекторија“ одложено за 29 мај

Во скопскиот Кривичен суд во средата денеска се слушаа бомбите за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, а по барање на бранителот Димитар Дангов, рочиштето е одложено за 29-ти мај, бидејќи обвинетиот поранешен премиер Никола Груевски денеска ќе присиствува на пресудата за „Тенк

По барање на обвинителството и одбраната, околу дваесет приватни разговори се слушаа зад затворени врати, со исклучување на јавноста.

За овој случај Собранието уште во 2013 година донело Закон за реализација на инфрастуктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево – Штип врз основа Законот на ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, меѓу Владата на Македонија и Владата на Кина. Овој закон за реализација на конкретниот проект како посебен ја исклучува примената на Законот за јавни набавки и за овој закон би нагласиле дека расправаа и гласаа и пратениците на СДСМ и пратениците на ДУИ.

Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски се обвинети дека во втората половина на 2012. година и во текот на 2013. година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.