Родила девојче во 67-та година: Забременила по природен пат а има и внучиња

Кинезинка родила здраво бебе девојче на 67-годишна возраст во источна Кина, станувајќи потенцијално најстара државјанка на таа земја што родила бебе, кое било зачнато по природен пат.
Жената именувана од медиумите како „Тиан“ родила здраво бебе девојче во провинцијата Шандонг во петокот со царски рез, јавуваат локалните медиуми.
Докторите во породилиштето во градот Заојанг потврдија дека 67-годишната пензионирана докторка се породила во нивната болница, каде порано работела, а портпаролката изјавила дека жената забременила природно откако го употребила своето медицинско знаење за да го примени традиционалниот и кинескиот начин на лекување од неплодност, наведува Си-Ен-Ен.
„Детето е подарок од небото и за нас двајцата“, изјавил 68-годишниот сопруг на госпоѓа Тиан за порталот guancha.cn.
Англискиот дневен весник „Глобал тајмс“ пишува дека парот на девојчето и го дал името „Тијанка“, што значи „Подарок од небото“.
Ако г-ѓа Тиан се потврди дека зачнала природно, нејзината бременост ќе биде евидентирана како светски рекорд.
Според Гинисовата книга на рекорди, најстарата жена што, родила во 1997 година, природно зачнато дете, е Британка, а детето на свет го донела на 59-годишна возраст.
Светскиот рекорд сè уште го држи Марија дел Кармен Бусада Лара од Шпанија, која со помош на вештачко оплодување во 2006. година, родила близнаци на 67-годишна возраст. Две години подоцна, таа починала од карцином.
Локалниот весник „Јинан Тајмс“ пишува дека г-ѓа Тиан веќе е мајка на две деца. Еден од нив е син роден 1977. година непосредно пред влегувањето во сила на политиката на детето, чија цел е да се задуши над-природниот раст на кинескиот народ. Неодамна, оваа политика е ублажена, дозволувајќи им на сите парови да имаат по две деца.
Оваа брачна двојка има и ќерка и неколку внуци, од кои најстарата има 18. години.
Според Си-Ен-Ен, децата се спротивставиле нивните родители да добијат друго дете. „Мојата ќерка дури рече дека ако го доведам ова бебе на свет, тоа ќе ги прекине сите односи со нас“, изјавила Тиан за CCTV.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.