Родилка починала од сепса во охридската болница

Според непотврдени информации, 29-годишна родилка од охридската населба Рача починала од сепса седум дена откако се породила, а повеже информации се очекуваат во понеделникот, пренесува телевизијата Сител.

Според првичните неофицијални информации станува збор за млада жена родилка која со царски рез се породила пред седум дена на гинеколошкото одление во охридската општа болница, при што родила здраво женско бебе. Попородувањето била задржана на одделението.

Во текот на наредните денови кога требало да биде отпуштена дошло до влошување на состојбата на младата мајка , а откако било утврдено дека таа се наоѓа во живото загрозувачка состојба итно била префрлена на клиниката во Скопје, каде по три дена починала. Неофицијално, причина за смртта е сепса.