Родилката починала од обилно крвавење, истакнуваат од Гинекологија

Згрутчување на крвта, како резултат на што најверојатно дошло до одвојување на постелката, е причината поради која вчера дошло до смрт кај 40 годишата родилка од Скопје на Клиниката за гинекологија, на која ден претходно при царски рез и почина новороденчето.

Според доктор Сашо Стојчевски, на пациентката и било речено да почека по тестовите, но таа заминала дома и се вратила за еден час и 40 минути. Плодот во утробата на втората снимка веќе бил мртов.

„После царскиот рез во петокот таа започнала обилно и неконтролирано да крвари, поради што во саботата, друга екипа направиле интервенција при што е извадена матката. Направено е се но, крварењето било неконтролирано од сите страни, како резултат на дефект на коагулацијата, поради што слабее срцето, а почнале да откажуваат бубрезите и другите органи што довело до смрт“, рече Стојчевски. за НОВА.

Пациентката започнала обилно да крвави кога заминала дома, по што била вратена назад, а случајот ќе го испитува внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК.

НОВА информира дека обдукција не е направена, бидејќи наводно семејството побарале да го земат телото.