Родителите бараат средба со Царовска во четврток, а за недела најавија протест

Родителите здружени на социјалните мрежи во групата „Учебници и настава мора да има“ бараат средба со министерката за образование Мила Царовска во четврток, во спротивно најавуваат в недела дека ќе излезат на протест пред Владата.

Инцијативата почна бојкот минатата недела повлекувајќи ги своите деца од онлајн наставата откако Царовска најави Закон со учебници.

„Бојкотот спонтано го почнаа и го поддржаа родителите во групата на граѓани како реакција и незадоволство од однесувањето на Министерката за образование и наука. Досега групата на граѓани не го координираше бојкотот во основните и средните училишта. Сепак, согласно изјавите дадени пред медиумите, ќе останеме доследни на нашите ветувања пред граѓаните и ќе превземеме активности за координација на бојкотот на национално ниво“, вели Спасевска во натписот на ФБ.

Од МОН засега нема одговор дали Царовска ќе се сретене со родителите, ниту пак се знае како ќе се регулира отсуството на учениците од он-лајн наставата.

Освен во училиштата за средно образование училиштата бележат и поединечни отсуства и во основното образование.

Родителите од иницијативата бараат заедничка ревизија на законот со вклчување на стручни лица. МОН и денеска опстои на ставот,  истакнувајќи дека дигитализацијата на материјалите за учење е дел од промените кои започнуваат од идната учебна година а тој тренд е насекаде во светот не смее да ја одмине нашата земја.