Родителите ги демантираат здравствените власти: Нашиот син не почина од сипаници, лекарите погрешно го лекуваа

Родителите на детето кое почина ги демантираат тврдењата на здравствените власти кои велат дека детето починало од сипаници. Орхан Шабани вели дека неговиот син Мираџ, веќе починат, 6 месеци боледувал од белите дробови.

Потресното сведоштво на родителите го објавува ТЕЛЕВИЗИЈА 21.

Таткото ги обвинува лекарите и вели дека тие не го лекувале неговиот син како што треба. И лекарските извештаи потврдуваат дека на детето му била дијагностицирана бронхопневмонија.

-Мојот син не почина од сипаници, тоа е три дена и ги помина, како кај секого. Мојот син претходно имаше бронхитис и проблеми со пневмонија. Беше 11 дена во “Козле“ на Водно, потоа на Клиниката за Инфектологија два дена и не се погрижија како што треба, му дадоа само инфузија, слаба терапија му дадоа и не го испитаа подетално, вели Орхан Шабани, пренесува телевизијата.

И мајката на Мираџ, Суреја, вели дека нејзиниот син не бил лекуван правилно. Таа вели дека со месеци одела по болниците, а дека нејзиниот син сипаници добил во болницата Козле. Според неа, Мираџ починал 2 недели откако му поминале сипаниците.

-Не преземаа мерки и да ни кажат дека има сипаници. Од болницата за детски болести им се јавија телефонски и им кажаа дека многу пациенти од Козле доаѓаат со сипаници, дека не е само моето дете. На сите пријатели кои беа тука, децата им беа со сипаници. Медицинските услуги  многу слаби-вели Суреја Шабани.

Целиот текст прочитајте го на ТВ21.