Родителите се приморани да купуваат компјутери и да се снаоѓаат како умеат

Иако поголемиот дел од средношколците и родителите на децата од основните училишта беа против тоа наставата да се одвива онлајн, сепак властите одлучија настава со физичко присуство да има самоза децата од прво до трето одделение како и за неколку основни и училишта кои ги исполнувале условите за тоа.

Околу 40 илјади ученици немаат компјутер за да ја следат наставата. И додека голем дел од семејствата немаат финансиска можност да си купат компјутери за нивните деца, министерката за труд и социјална политика наместо да се потруди да ги обезбеди истите, таа им порача на родителите дека можат да ги купат за викенд  без ДДВ.

Инаку во Уставот на државата јасно пишува дека основното образование е бесплатно.

Имено, членот 44 од Уставот на Република Македонија гласи:

-СЕКОЈ има ПРАВО на образование. Образованието е ДОСТАПНО за секого под ЕДНАКВИ услови. Основното образование е ЗАДОЛЖИТЕЛНО и БЕСПЛАТНО.

Додека пак членот 2 од Законот за основно образование гласи:

(1) Секое дете има право на основно образование.

(2) Се забранува ДИСКРИМИНАЦИЈА по основ на пол, раса, боја на кожата, национална, СОЦИЈАЛНА, политичка, верска, ИМОТНА и општествена припадност во остварување на правата од основното воспитание и образование, утврдени со овој закон.

Се поставува прашањето дали образованието е бесплатно и дали со воведување на онлјан наставата се крши Уставот на Република Македонија и Законот за основното образование.