Родителите во паника: Туберкулоза во училишта во Виена

Здравствената служба на Виена потврдила дека се откриени неколку случаи на заболени од туберкулоза во виенските училишта.

Портпаролот на Здравствената служба, Миахел Амброз потврдил дека две лица кои работат во училиштата се заразени со туберкулоза, но не сакал да прецизира за кои училишта станува збор.

Австрискиот весник Хојте дошол до сознанија дека дури во три основни училишта има заразени од туберкулоза – двајца наставници и еден ученик.

Здравствената служба ќе изврши тестирање на уште 200 лица за да утврди дали некој од нив е носител на бактеријата.

Министерката за здравство, Соња Весели исто така потврдила дека службата ги преземала сите потребни мерки за благовремено да го стопира ширењето на туберкулозата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.