Родман: Ким е мој пријател

Познатиот американски кошаркар, Денис Родман, заедно со екипата на поранешните играчи на НБА лигата, замина во Пјонгјанг, каде што треба да се одржи егзибиционен меч по повод роденденот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Родман изјавил дека не планира да се заминава со репресијата во Северна Кореја бидејќи Ким, како што рекол, е негов пријател и многу го сака и почитува, туку се надева дека натпреварот ќе ја отвори вратата за разговори „за некои работи“.