Родман му пеел роденденска песна на Ким Јонг Ун

88

Поранешната кошаркарска ѕвезда на НБА, Денис Родман, му отпеал песна за среќен роденден на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, пред почетокот на кошаркарскиот натпревар во кој тим од поранешни НБА играчи ги одмериле силите против тимот на Северна Кореја.

Родман, кој е цел на критики на одредени американски политичари го критикуваат поради неговото заминување во Пјонгјанг и дружење со Ким, рекол дека тој натпревар е дел од неговата „кошарскарска дипломатија“ со Северна Кореја.

Околу 14.000 лица гласно аплаудирале додека Родман ја пеел роденденската песна на Ким. Со Родман во Северна Кореја биле Кени Андерсон, Клиф Робинсон и Вин Бејкер како и Крег Хоџис, Даг Кристи, Чарлс Смит.

Родман во интервју за „Си- Ен- Ен“ го бранел своето патување во Пјонгјанг, истакнувајќи дека тоа ќе ја „отвори вратата“ на таа затворена земја.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.