Родман задоволен по враќањето од Северна Кореја

(Thomas Peter/Reuters)

Поранешната ѕвезда во кошаркарската НБА лига, 56-годишниот Денис Родман во саботата допатува во кинеската престолнина Пекинг по петдневниот престој во Северна Кореја, и изјави дека тоа било „навистина добро патување“.

„Сите ќе бидат среќни, бидејќи тоа беше навистина добро патување“, изјави Родман познат по своето ексцентрично однесување.

На новинарско прашање дали се сретнал со севернокорејскиот лидер Ким Џон-ун, поранешниот американски кошаркар изјави кусо „ќе се дознае“.

Родман, исто така, одби да одговори дали тој лично придонел за ослободувањето на американскиот студент Ото Вармбјер, кој малку повеќе од една година беше во затвор во Северна Кореја. Ватмбјер беше ослободен истиот ден кога Родман пристигна во Пјогнјанг.

Родман пред патувањето во Северна Кореја изјави дека сака да го донесе спортот во најизолираната земја на свет, а американското министерство за надворешни работи објави дека поранешниот кошаркар патувал како приватно лице.

Денис Родман престојуваше во Северна Кореја и во 2013 и во 2014 година, и организираше кошаркарски натпревар, а дири и на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, кој ја сака кошарката, му ја отпеа песната „Happy Birthday“.