Роднина на патник во изгорениот автобус: Немаме никакви информации, за несреќата дознавме од Фејсбук

Пред седиштето на „Беса транс“ роднините на патниците бараат информации за настраданите и преживеаните во несреќата во Бугарија.

-Сега треба да ни се јават, потоа не ни мора. Цело време бараме информации кои се настрадани, кои се преживеани, вели еден роднина на патник кој бил во автобусот што доживеа трагедија во Бугарија.

-На Фејсбук видовме за трагедијата, го бараме братучедот на телефон, не се јавува Енес Бакуи, 40 години. Во БЕСА транс се јавуваме, немаме никаква информација од таму. Никој не се јавува, вели Џелал Бакиу.