Роднините на настраданите без информации и од МНР и од Амбасадата во Софија

Беким Алити, сопруг на една од патничките во автобусот што имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, вели дека сѐ уште нема никакви информации ниту од Министерството за надворешни работи, ниту од Амбасадата дали неговата сопруга е жива.

Тој додава дека го видел списокот со имињата на патниците во автобусот, што го објавија некои медиуми  меѓутоа како што рече, не знае кои се живи, а кои не.

Автобусот со македонска регистрација влегол во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по македонско време на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

Според последните информации, во автобусот имало 53 лица, од кои 46 го загубиле животот, а седуммина повредени се пренесени во болницата во Софија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.