Роднините на патниците од исчезнатиот Боинг протестираат пред амбасадата на Малезија

Гневните роднини на кинеските патници кои се наоѓале на бродот на исчезнатиот лет МХ370, се собраа на протест пред амбасадата на Малезија во Пекинг, пренесува „АФП“.

Околу 200 роднини на патниците влегоа во судир со обезбедувањето на амбасадата, додека се обидувале да влезат во зградата на дипломатската мисија. Демонстрантите бараа одговори за несреќата на малезискиот авион „Боинг-777“.

„Вратете ги нашите роднини“, повикуваа плачејќи роднините на исчезнатите лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.