Родригез: Не можев да ги задржам солзите

Несреќната елиминација во 1/4 финалната рунда дефинитивно најмногу го погодои најдобриот фудбалер во репрезентативниот дрес на Колумбија, Џејмс Родригез кој со солзи во очите се упати кон соблекувалната каде призна дека добил голема подршка од репрезентативците на Бразил, Давид Луиз и Дани Алвеш.

„И мажите плачат, зарем не?! Кога нешто толку многу го посакуваш и навистина ти е многу жал, затоа што не си го остварил. Не можев да ги задржам солзите. А добив поддршка од Давид Луиз и од Дани Алвеш. Дојдоа до мене и ми рекоа дека сум добар фудбалер. Потоа ме прегрнаа и многумина други. Им благодарам. Сакам да им порачам на колумбиските навивачи дека сторивме се што можевме“, изјави Џејмс Родригез по поразот од Бразил.