Рогозин кажа за колку минути Русија може да ги уништи земјите на НАТО, YouTube го „избриша“

Директорот на руската агенција за вселенски истражувања Роскосмос, Дмитриј Рогозин, на својот Telegram канал во неделата во новата своја зајадлива објава изјави дека земји од НАТО можат да бидат уништени од Русија за половина час, но повика да не се дозволува тоа да се случи, пренесуваат руските медиуми.

„Во случај на нуклеарна војна земјите од НАТО ќе бидат уништени од нас за половина час. Но не смееме да го дозволиме тоа, бидејќи последиците од размената на нуклеарните удари ќе влијаат врз состојбата на нашата (планета) Земја“, напиша Рогозин.
.
Набрзо по печетокот на борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин на јавното советување со воено-политичкиот врв на земјата порача да бидат ставени во зголемена готовност руските сили за одвраќање, вклучително и стратешките сили што го подразбира нуклеарното вооружување, образложувајќи го тоа со заканите и улогата на западните земји, во прв ред САД и НАТО, во руско-украинскиот конфликт и зголемените западни трупи во близина на руските граници.

Западните медиуми и челници тогаш започнаа со шпекулациите дека рускиот челник е подготвен да употреби нуклеарно тактичко оружје во Украина, и покрај тоа што Путин повеќепати најави „брз и секавичен“ одговор во случај на „надворшено мешање во судирот“.

„НАТО води војна против нас. Таа не е објавена, но тоа ништо не менува. Сега тоа е очигледно за сите. Украинските нацистички баталјони и вооружените сили на Украина се потрошен материјал, топовско месо за НАТО, тие се семо извршители обучени од инстурктори на НАТО кои ги притискаат орозите и копчињата на натовското оружје“, додава Рогозин.

Оценува дека руските воени операции во соседната земја во моментов отишле многу подалеку од првобитната „смисла и географијата“ и ги нарекува „војна за вистината и правото на Русија да постои како единствена и независна држава“.

Рогозин, кој своевремено беше акредитиран претставник во седиштето на НАТО во Брисел, истакнува дека поразувањето на економски и воено помоќен непријател со конвенционално вооружување е можно само со целосна солидарност на целата земја со армијата, како и со мобилизација на економијата на државата и префрлањето на воено-индустрискиот компекс и сродните индустриски сектори на Русија на воени основа.

„И тоа мора да се направи неодложно и брзо“, заклучува 59-годишниот Рогозин кој потекнува од традиционално војничко семејство, се определил за општествените науки но има искуство како доброволец во тензичните години на распадот на поранешниот Советски сојуз а подоцна беше и политички активен на повеќе државни позиции.

Малку подоцна во неделата портпаролот на Роскосмос, Дмитриј Струговец, ги информираше медиумите, дека сервисот за размена на видео-материјали YouTube од каналот на агенцијата ги отстранил сите видеозаписи со директорот Рогозин.

„YouTube ги отстрани од каналот на Роскосмос медиа сите видеа во кои се појавува Дмитриј Рогозин… неговите интервјуа, снимките од неговото учество во испраќањето хуманитарна помош за жителите на Донбас, посетите на космодромот Вастични“, објави Струговец.

Според него, избришани се околу 20 видеа со вкупно околу пет милиони прегледи.

„Тоа е сѐ што треба да знаете за слободата на говорот во американски стил“, објави портпаролот на социјалните мрежи.

Подоцна дополни дека дел од видеата со Рогозин сѐ уште се достапни, но дека YouTube почнал да ги блокира и материјалите на каналите во кои не се појавува директорот на Роскосмос, како на пример прилогот на руската државна телевизија во кој се наведува дека во американски учебник за космосот целосно се игнорираат достигнувањетата на поранешниот СССР во оваа сфера.