Рохани смета дека 25 милиони Иранци се заразени од ковид-19

Иранскиот претседател Хасан Рохани во денешното телевизиско обраќање соопшти дека според здравствените власти 25 милиони Иранци се заразени со ковид-19, а околу 35 милиони се изложени на ризик од инфекција.

Бројките, според Рохани, се темелат на нов извештај на министерството за здравство и се многу повисоки од досега официјално потврдените случаи на коронавирус во Иран – 269.440.

Иран, кој има 80 милиони жители, е најтешко погодената земја на Блискиот исток во пандемијата на Ковид-19.