Италијанскиот судија Џанлука Роки заработи суспензија од УЕФА и нема да суди на мечот меѓу репрезентациите на Македонија и Луксембург.
Тој судеше на италијанското дерби меѓу Јувентус и Рома (3-2), но по неговата лоша арбитража и критиките кои пристигнаа од сите страни, европската куќа на фудбалот реши да го суспендира на 30 дена.
Правдата на мечот меѓу Македонија и Луксембург кој вечерва ќе се одигра на националната арена „Филип втори“, Пјерлуиџи Колина го назначи сонародникот Паоло Мацолени.