Рокот за обвиненија од СЈО истекува на 30 јуни

121

За дел од советниците на Специјалното јавно обвинителство рокот за покренување на обвиненија за сите прислушувани материјали истекува на 30 јуни, а за дел од преземените предмети на 4 јуни. До 30 јуни СЈО најверојатно често ќе биде дел од ударните вести по медиумите.

Рокот од 18 месеци за поднесување на обвиненија почнува да се смета од примањето на прислушуваните материјали, односно од 30 декември 2015 година. На 4 декември 2015 година СЈО прими 34 предмети од Основното јавно обвинителство, кривични пријави и предистражни и истражни дејства, но без снимките од прислушуваните разговори. Еден од условите за рокот од 18 месеци беше исполнет на 30 декември 2015 година, кога беа примени и аудиоснимките, велат експертите.

Ако крајниот рок за првите предмети истекува на 30 јуни,  правници посочуваат дека доколку СЈО има намера да покрене обвиненија, тогаш во следните денови треба да прати известување дека се завршени истрагите, бидејќи обвинетите имаат рок од 15 дена да се запознаат со наодите. Имајќи го предвид ова, СЈО најдоцна до 10 јуни би требало да испрати такви известија, за по рокот од 15 дена, односно пред 30 јуни да ги покрене обвиненијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.